Studio 2
Студио 2 е комфорно двокреветно студио, идеално за парови или двајца гости. Опремено е со удобен брачен кревет, маса со столчиња, клима уред и телевизор. Студиото располага со шкавче за уредно редење облека, практична мини кујна и сопствено WC со туш кабина и бесплатен интернет (Wi-Fi). Посебна предност е терасата со прекрасен поглед кон градот и Самоиловата тврдина, совршена за уживање и релаксација.








