За Охрид

Добредојдовте во Охрид, бисерот на Балканот!

Редок бисер на УНЕСКО, место каде што историјата и природата живеат во совршена хармонија, град со 365 цркви, по една за секој ден од годината.

Овде, на секој чекор, се среќавате со остатоци од древните цивилизации и славното минато, распослани на брегот на Охридското Езеро, едно од најстарите и најчистите езера во светот со кристалната вода, која со својата сина и тиркизна боја, е вистински магнет за очите и душата.

Дојдете и уживајте во Охрид. Шетајте по брегот и пијте од магичниот мир што може да го понуди само ова древно езеро. Прошетајте по калдрмата на Стариот Град и почувствувајте ја автентичната охридска архитектура.

Ви препорачуваме да го посетите Плаошник, местото каде што Свети Климент ги поставил темелите на словенската писменост и култура.

Не ја пропуштајте неповторливата и препознатлива црква Свети Јован Богослов Канео, чија силуета е заштитен знак на градот.

Погледот од Античкиот Театар ве враќа наназад повеќе од две илјади години, а секако треба да се искачите до Самуиловата Тврдина од каде ќе имате прекрасен панорамски поглед на целиот град и езерото.

Уживајте во летните вечери на охридската чаршија, полни со живот, музика и радост. Дозволете си да бидете дел од оваа историска, културна и природна убавина.

Истражете го секое ќоше, откријте ја секоја тајна што ја крие овој вечен град.

Нашиот апартман е вашата идеална почетна точка за сите овие авантури.

Ве покануваме да го доживеете преубавиот Охрид и да создадете спомени кои траат цел живот.

Ваши Апартмани „Јоце“ и „Димитар“